АПРИЛ НА HBO MAX
Април на HBO Max носи голем избор на нови содржини. Ги очекуваме новата сезона на HBO Original серијата „Еуфорија“, последната сезона на Max Original серијата „Трикови“, новата HBO Original серија „Сцена од соништата“, како и HBO Original документарниот филм „Мрачниот волшебник“. Од регионалните наслови ги издвојуваме филмовите „Јужина“ на режисерот Анте Марина, спортскиот документарец „Изгубениот сон на југословенскиот дрим тим“ на режисерот и сценарист Јуре Павловиќ и краткиот анимиран филм „Момче“ за Дражен Петровиќ, од авторот Франо Петруша.

ЕУФОРИЈА СЕЗОНА 3 (Euphoria S3)
HBO MAX ПРЕМИЕРА: 13 април
HBO премиера: 13 април во 20:00
2026 | HBO Original | серија | 3 сезона
Во третата сезона група пријатели од детството се соочува со вербата, можноста за искупување и проблемот на злото. Креатор, сценарист, режисер и извршен продуцент на третата сезона номинираниот за „Еми“ и добитник на „DGA“ наградата, Сем Левинсон. Во главната улога е добитничката на „Еми“ Зендаја, а серијата е во продукција со A24. „Еуфорија“ е една од најгледаните серии во историјата на HBO, а првите две сезони освои 25 номинации и 9 победи на „Еми“.

ТРИКОВИ СЕЗОНА 5 (Hacks S5)
HBO MAX ПРЕМИЕРА: 10 април
2026 | Max Original | серија | 5 сезона
После погрешните и неугледни медиумски извештаи за нејзината наводна смрт, Дебора Венс (Џин Смарт) и Ава (Хана Ајнбајндер) се враќаат во Лас Вегас поодлучни од кога било да го зацврстат наследството на Дебора како комичарка.

ПОЛОВИНА ЧОВЕК (Half Man S1)
HBO MAX ПРЕМИЕРА: 24 април
HBO премиера: 24 април во 20:00
2026 | HBO Original | серија | 1 сезона
Од Ричард Гад, оваа експлозивна драмска серија ја прикажува напнатата врска помеѓу двајца отуѓени „браќа“ во текот на четири децении.

МРАЧНИОТ ВОЛШЕБНИК (The Dark Wizard)
HBO MAX ПРЕМИЕРА: 15 април
HBO премиера: 23 април во 21:20
2026 | HBO Original | документарна серија во 4 продолженија
Документарна серија за еден од највлијателните и најконтроверзни алпинисти во светот, покојниот Дин Потер.

ДЛАБОКО (Deeply S1-3 (Aka. Ilk Ve Son))
HBO MAX ПРЕМИЕРА: 1 април
2021 | турска серија | 1 - 3 сезона
Дениз и Бариш, Нилуфер и Џихан… Најголемиот тест за овие парови - чии почетоци беа незаборавни, а краевите неизбежни - повторно ќе ги спротивстави едни против други.
Г-20 (G-20)
HBO MAX ПРЕМИЕРА: 10 април
HBO премиера: 12 април во 20:00
2025 | акција | филм
Терористи го преземаат самитот на Г-20, а претседателката Сатон мора да го искористи своето политичко и воено искуство за да ги заштити своето семејство, својата земја и светот.
АНАКОНДА (Anaconda (2025))
HBO MAX ПРЕМИЕРА: 24 април
HBO премиера: 24 април во 20:00
2025 | комедија | филм
Ова не е римејк. Станува збор за целосно оригинална комедија, инспирирана од култната филмска класика „Анаконда“, во која глумат Даг (Џек Блек) и Гриф (Пол Руд), најдобри пријатели од детството кои отсекогаш сонувале да го преработат својот омилен филм. Кога средовечната криза конечно ги турка во акција, тие заминуваат длабоко во Амазон за да започнат со снимање. Но ситуацијата станува сериозна кога се појавува вистинска џиновска анаконда и нивниот хаотичен филмски сет се претвора во смртоносна авантура. Филмот што очајно сакаат да го снимаат? Можеби ќе ги чини живот.
ЈАС, ТИ И ТАА (You, Me & Her)
HBO MAX ПРЕМИЕРА: 11 април
Cinemax премиера: 11 април во 20:30
2023 | драмедија | филм
За Магс и Еш, бракот се претворил во низа расправии и компромиси, оставајќи ги двајцата со чувство дека им недостига нешто повеќе. На нивниот прв одмор сами откако стануваат родители, нивните расправии се закануваат да го уништат патувањето - сè додека не ја запознаат Анџела, слободоумен дигитален номад која буди неочекувани чувства кај Магс и ѝ дозволува повторно да биде верзија од себе што одамна ја заборавила - забавна. Заинтригирани од Анџела, двајцата почнуваат да флертуваат со идејата за тројка, но работите никогаш не се толку едноставни како што изгледаат.
СИНА МЕСЕЧИНА (Blue Moon (2025))
HBO MAX ПРЕМИЕРА: 17 април
HBO премиера: 19 април во 20:00
2025 | драмедија, биографија | филм
Вечерта на 31 март 1943 година, легендарниот текстописец Лоренц Харт се соочува со разнишаната самодоверба во барот Сарди, додека неговиот поранешен соработник Ричард Роџерс ја слави премиерата на својот револуционерен хит-мјузикл „Оклахома!“. Во главните улоги: Итан Хок, Маргарет Квели, Ендру Скот и Боби Канавале. Во режија на Ричард Линклејтер.
МОРА ДА ВЕРУВАТЕ (You Gotta Believe)
HBO MAX ПРЕМИЕРА: 4 април
HBO премиера: 4 април во 20:00
2024 | семејна драма | филм
Засновано на инспиративна вистинска приказна за младински бејзбол-тим кој ги надмина сите очекувања и стигна до Светската серија на Малата лига. Откако ја посветуваат сезоната на тешко болниот татко на еден соиграч, група потценети млади играчи го продолжуваат својот неверојатен поход сè до Светската серија во 2002 година, кулминирајќи со рекордна пресметка што веднаш станува спортски класик на ЕСПН.
НЕЗАПИРЛИВ (Unstoppable (2024))
HBO MAX ПРЕМИЕРА: 3 април
HBO премиера: 5 април во 20:00
2024 | биографска драма | филм
„Незапирлив“ е инспиративна вистинска приказна за Ентони Роблес (Џарел Џером), роден со една нога, чиј непоколеблив дух и цврста решителност му овозможуваат да им се спротивстави на сите пречки и да ги следи своите соништа. Со безрезервната поддршка на својата посветена мајка Џуди (Џенифер Лопез) и охрабрувањето од тренерите, Ентони се бори низ бројни предизвици за да избори место во боречкиот тим на Државниот универзитет во Аризона. За да стане шампион на НЦАА ќе мора да го даде максимумот, и физички и психички.
ВО МИСТЕРИОЗНИТЕ ШУМИ (Into The Wonderwoods (Aka. Angelo Dans La Foret Mysterieuse))
HBO MAX ПРЕМИЕРА: 1 април
HBO премиера: 10 април во 16:35
2024 | анимиран филм
10-годишниот Анџело, амбициозен истражувач, тргнува на пат со своето семејство за да ја посети својата сакана баба. Кога неговите расеани родители го оставаат на место за одмор, тој е оставен сам на себе и решава да се пробие низ шумата во потрага по своето семејство. Потоа влегува во мистериозен свет населен со чудни и прекрасни суштества, некои попријателски од други.

ЈУЖИНА (Južina)
HBO MAX ПРЕМИЕРА: 2 април
HBO премиера: 2 април во 20:00
2025 | драмедија, трилер | Хрватска
Додека интензивниот ветер јужина го тресе Сплит, животите на станарите во една четирикатна зграда се испреплетуваат во мрачно-комичен синџир од недоразбирања, интриги и хаос, каде што дури и хероите во очите на соседите остануваат негативци.

ИЗГУБЕНИОТ СОН НА ЈУГОСЛОВЕНСКИОТ ДРИМ ТИМ (Izgubljeni Dream Team)
HBO MAX ПРЕМИЕРА: 9 април
HBO премиера: 9 април во 20:00
2025 | спортски документарен филм | Хрватска
„Изгубениот сон на југословенскиот дрим тим“ ја раскажува приказната за последната југословенска кошаркарска репрезентација и нивниот поход кон златниот медал на Европското првенство во 1991 година, во време на политички превирања и надвисната војна. Филмот претставува психолошка студија за играчите, искушенијата на нивното заедништво и уникатното искуство да се биде дел од тим кој освои злато и го гледаше своето знаме како се издига во чест на држава која престана да постои само три дена претходно.
МОМЧЕ (Dječak)
HBO MAX ПРЕМИЕРА: 13 април
2025 | краток анимиран филм | Хрватска
Сè е познато за Дражен Петровиќ. Неговиот пат од малиот клуб Шибенка до ѕвезда во НБА, неговата доминација во европската, а потоа и во американската кошарка е документирана до најситен детаљ. Неговиот пристап и посветеност и денес инспирираат луѓе од различни професии. Но неговото детство и приказните дека тренирал по седум часа дневно живеат само во сеќавањата на најблиските и во неколкуте семејни фотографии. Овој филм го оживува токму тој период од животот на големиот спортист.

БИТКА КАЈ СИСАК (Bitka kod Siska 1593. godine)
HBO MAX ПРЕМИЕРА: 30 април
2025 | документарец | Хрватска
Османлиските сили, предводени од босанскиот беглербег Хасан-паша Предојевиќ, ја напаѓаат тврдината Сисак во 1593 година. Хабсбуршката коалиција пристигнува за да ја прекине опсадата, а битката започнува на 22 јуни 1593 година. Битката завршува со тежок пораз на Османлиите, ставајќи крај на вековната „мала војна“ што ги разорувала хрватското и славонското кралство, тогаш под власта на Хабсбурзите и Светото Римско Царство. Филмот го истражува историскиот контекст, текот на битката и нејзините последици. „Битката кај Сисак во 1593“ посетува автентични локации, претставува археолошки наоди и вклучува разговори со водечки експерти за тој период.

СЦЕНА ОД СОНИШТАТА СЕЗОНА 1 (Dream Stage S1)
HBO MAX ПРЕМИЕРА: 3 април
2026 | серија | 1 сезона
Џун Азума, некогаш генијален продуцент oотстранет по еден инцидент, се среќава со НАЗЕ, седумчлена К-поп група која цели кон врвот. Додека ги води низ реалноста на бркањето соништа, нивната решителност го инспирира да го оживее патот што го напуштил.
ДРУГАТА СЕСТРА БЕНЕТ СЕЗОНА 1 (The Other Bennet Sister S1)
HBO MAX ПРЕМИЕРА: 8 април
2026 | серија | 1 сезона
Врз основа на реномираниот роман на Џенис Хедлоу, драмата ја става Мери Бенет, често занемарената средна сестра, во центарот на вниманието. Приказната започнува во Лонгборн, семејниот дом на Бенетови, каде г. и г-ѓа Бенет управуваат со живо домаќинство од пет немажени ќерки: Џејн, Елизабет, Мери, Кити и Лидија. Додека општествениот притисок расте, сестрите се движат низ блескавиот, но несигурен свет на Регентска Англија, каде бракот е и стремеж и неопходност. Додека нејзините сестри копнеат по романса и општествен успех, Мери избира поинаков пат. Оставајќи го Лонгборн зад себе, заминува во Лондон да живее со тетка ѝ и тетин ѝ во нивниот елегантен дом на улицата Грејсчерч. Таму започнува нејзиното патување кон самоооткривање и излегување од сенката.
САМО БЕГАЈ СЕЗОНА 1 (Then You Run S1)
HBO MAX ПРЕМИЕРА: 16 април
2023 | серија | 1 сезона
Кога 18-годишната Тара го посетува својот отуѓен татко, настаните завршуваат со мртовец во нејзините раце. Таа и најдобрите пријателки Стинк, Рут и Неси бегаат низ Европа во потрага по одамна исчезнатата мајка на Тара. По патот се соочуваат со недостиг на пари, незгодни романси и неочекувана бременост. Но најголемата закана доаѓа од чичкото на Тара, Реган, чија залиха на дрога ја украле за да обезбедат средства - а Реган е најстрашниот гангстер во Ротердам. Првично воден од одмазда, Реган ги гони од хипермаркети покрај автопатишта до хедонистички фестивали и величествени норвешки фјордови. Но колку повеќе дознава за Тара, толку повеќе се фасцинира - можеби таа ја наследила семејната склоност кон насилство и е наследникот што Реган никогаш не го пронашол во својот син.
РАМИ ЈУСЕФ: ВЉУБЕН (Ramy Youssef: In Love)
HBO MAX ПРЕМИЕРА: 18 април
2026 | HBO Original | специјал
Во својот трет стенд-ап специјал на ХБО, Рами Јусеф пристапува кон широк спектар на лични теми, вклучувајќи ги бракот и вештачката интелигенција.