ПРЕМИЕРА НА HBO ORIGINAL ДОКУМЕНТАРНИОТ ФИЛМ „ЈАС, РОСИЊСКИ“ НА 20 МАРТ НА HBO MAX
Премиерата на HBO Original документарниот филм „Јас, Росињски“ (I, Rosinski) ќе биде на 20 март на HBO Max стриминг платформата. Премиерата на HBO каналот ќе биде на 26 март во 21:45 часот.
„Изгледа сум роден да раскажувам преку слики“ – изјави Гжегож Росињски, автор на култните стрипови Торгал, примајќи посебна награда на Меѓународниот фестивал на стрипови и игри во Лоѓ. Сега, во своите осумдесетти години, овој билијантен полски уметник и понатаму создава, воден од бескрајната потрага по нови приказни.
Новиот HBO Original документарец „Јас, Росињски“ донесува интимен портрет на уметник кој стои на прагот на завршното поглавје на своето креативно патување, соочувајќи се со прашањата за наследството, создавањето и она што останува.

Гжегож Росињски ценет илустратор на стрипови и сликар, стекна меѓународна слава уште додека Полска била зад железната завеса. Денес, со повеќе од 80 години, тој сè уште работи, бранејќи се од неизбежното: крајот на неговата професионална кариера. На прагот на староста, тој се соочува со најтешкиот предизвик: грациозно спуштање од врвот, напуштајќи ја сцената. Тоа е мала смрт, која мајсторот ја одложува, целосно свесен дека не е прашање дали, туку како - и кога. Документарецот е дискретна опсервација на работата на Гжегож Росињски врз најновото дело за авантурите на вселенскиот Викинг, Торгал Егирсон.
Документарниот филм „Јас, Росињски“ премиерно е прикажан на Филмскиот фестивал во Краков каде наиде на воодушевување како кај публиката, така и кај критиката. Подоцна е прикажуван на истакнати филмски фестивали во Полска и во странство.
Режисер и сценарист е Пјотр Киелар, камермани се Каспер Лисовски, Пјотр Киелар и Бартек Пјотровски, додека музиката е на Војчех Мазолевски. Продуценти се Пјотр Кемпа (Delord) и Ханка Кастелицова (за HBO Max).