ПРЕМИЕРА НА ТРЕТАТА СЕЗОНА НА HBO ORIGINAL СЕРИЈАТА „ВРАЌАЊЕ“ ОД 23 МАРТ НА HBO MAX
Третата и последна сезона на HBO Original хумористичната серија „Враќање“ (The Comeback), на авторите Мајкл Патрик Кинг и Лиса Кудроу, ќе има премиера во понеделник, 23 март на HBO Max стриминг платформата, додека премиерата на HBO каналот ќе биде истиот ден во 21:25 часот. Новите епизоди од оваа сезона со осум продолженија ќе се емитуваат неделно, сè до финалето на серијата кое ќе биде во понеделник, на 11 мај.
Дваесет и една година по своето деби, култната HBO хумористична серија со Лиса Кудроу во улогата на измачената, но истрајна Валери Чериш се враќа со својата трета и последна сезона. Сега, на поранешната ТВ „ИТ Гирл“ ѝ е понудена главна улога во нов ситком со повеќе камери, но со голем предизвик - серијата ќе биде напишана од ВИ.

Во главните улоги настапуваат Лиса Кудроу, Ден Букатински, Лора Силверман, Демијан Јанг, Тим Бегли, Мет Кук, Џек О’Брајан, Ела Стилер, Џон Ерли, Бери Шабака Хенли, Аби Џејкобсон, Тони Махт, Британи О’Грејди, Зејн Филипс, Џулијан Стерн и Ендрју Скот.
Серијата ја креираа Мајкл Патрик Кинг и Лиса Кудроу кои се и извршни продуценти заедно со Џон Мелфи и Ден Букатински.
ТРЕЈЛЕР: https://youtu.be/86xtAC_0ApQ