ПРЕМИЕРА НА ПОСЛЕДНАТА СЕЗОНА НА HBO ORIGINAL СЕРИЈАТА „КАКО ВОДА ЗА ЧОКОЛАДА“ НА 15 ФЕВРУАРИ НА HBO MAX
Втората, и воедно последна сезона на HBO Original серијата „Како вода за чоколада“ (Like Water for Chocolate S2) ќе има премиера на 15 февруари на HBO Max стриминг платформата. Оваа сезона има шест продолженија, а нови епизоди ќе бидат достапни секоја недела сè до финалето кое е закажано во недела, на 22 март.
Во последната сезона, Тита го наоѓа ветувањето за поинаква судбина во д-р Браун - но враќањето на Педро повторно ја разгорува забранетата страст. Во меѓувреме, Росаура сака да го врати Лас Паломас во неговата оригинална слава, а бунтовничкото движење на Гертрудис се соочува со замор - и неочекувана компликација.
Во позадина на Мексико обележан со насилство и општествени промени, траумите, загубите и тајните го тераат секој лик да се соочи со своите граници и да одлучи колку е подготвен да ризикува за љубовта и слободата. Сред магијата на кујната и емоциите, Тита и Педро откриваат дека некои љубови се предодредени да горат засекогаш.
Серијата ги комбинира магичниот реализам, поврзан со традиционалните мексикански јадења, со древната алхемија, создавајќи живописен приказ на мексиканската култура која ги спојува љубовта, семејството и наследството во визуелно прекрасна приказна која ги слави традицијата и емоциите.
Во главните улоги настапуваат: Ирене Азуела, Азул Гуаита, Ана Валерија Бекерил, Андреа Чапаро, Андрес Баида, Франсиско Ангелини, Анхелес Круз, Маурисио Гарсија Лозано, Ари Брикман и Луис Давид Хорне.
Оваа HBO Original серија е во продукција на Warner Bros. Discovery, Ventanarosa Productions, Endemol Shine North America и Endemol Shine Boomdog. Извршни продуценти се Селма Хаек Пино, Хозе Тамез, Сиобан Флин, Шерон Леви, Лиза Фаренхолт, Флавио Моралес, Алехандро Ринкон, Клара Мачадо и шоуранерот Џери Родригез. Режијата е на Хулијан де Тавира, главна сценаристка е Силвија Ортега Веторети, а на сценариото работат и Синтија Фернандез Трехо, Џери Родригез и Марија Хаен.