МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМ „ДИЏЕЈ АХМЕТ“ Е ДОСТАПЕН ВЕДНАШ НА HBO MAX
Филмот на режисерот Георги М. Унковски „Диџеј Ахмет“ е достапен за гледање веднаш на HBO Max стриминг платформата, а премиерата на HBO каналот ќе биде на 5 февруари во 20 часот.
Ахмет, 15-годишно момче од оддалечено јуручко село во Македонија, наоѓа засолниште во музиката додека се справува со очекувањата на својот татко, конзервативната заедница и своето прво искуство со љубовта – девојка веќе ветена некому друг.
Режисер е Георги М. Унковски, а во главните улоги настапуваат: Ариф Јакуп, Агуш Агушев, Дора Акан Златанова, Аксел Мехмет и Селпин Керим. Филмот е во копродукција на Македонија, Чешка, Хрватска и Србија.
Филмот „Диџеј Ахмет’ ја доби посебната награда на жирито за креативна визија и награда од публиката на Sundance Film Festival 2025, како и посебната награда „Перспективата на младите“ на Филмскиот фестивал во Сараево 2025 година.