ПРЕМИЕРА НА НОВАТА ИТАЛИЈАНСКА HBO ORIGINAL СЕРИЈА „ПОРТОБЕЛО“ НА 20 ФЕВРУАРИ НА HBO MAX
Фалената серија „Портобело“ на Марко Белокио, со Фабрицио Џифуни во главната улога, ќе има премиера на 20 февруари на HBO Max стриминг платформата.
Претставена на Филмскиот фестивал во Венеција во 2025 година, оваа прва италијанска HBO Original серија донесува драматична приказна за ТВ водителот Енцо Тортора, кој станал жртва на страшен правосуден прогон.
1982 година. Енцо Тортора (Фабрицио Џифуни) е една од најомилените личности на италијанската телевизија. Ја води емисијата „Портобело“ која во ударниот термин има 28 милиони гледачи и во која натпреварувачите се обидуваат да го наговорат папагалот, маскота на емисијата, да зборува. Тортора е толкав крал на телевизијата во 80-тите години, што тогашниот претседател на Италија, Алесандро Пертини, го прогласува за заповедник на Републиката.

Во меѓувреме, катастрофалниот земјотрес во Ирпинија ја загрозува кревката рамнотежа на криминалната организација Камора. Затворениот член Џовани Пандико, доверлив соработник на мафијашкиот шеф Рафаеле Кутоло и редовен гледач на емисијата „Портобело“ од својата затворска ќелија, одлучува да стане сведок соработник. Во текот на испитувањето пред судиите, наведува едно неочекувано име: Енцо Тортора. Кога италијанската полиција, на 17 јуни 1983 година, ќе зачука на вратата на неговата хотелска соба. Енцо мисли дека станува збор за недоразбирање, но тоа е само почеток на настаните кои ќе го одведат од врвот на славата во бездна.
Во главните улоги настапуваат: Фабрицио Џифуни, Лино Мусела, Барбора Бобулова, Романа Маџора Вергано, Федерика Фракази, Карлота Гамба, Џада Фортини, Ирене Мајорино, Џовани Бусели, Давиде Манчини, Паоло Пиеробон, Џанлука Гоби, Фаусто Русо Алеси, Масимилијано Роси, Пиер Џорџо Белокио, Алесио Пратико, Алма Ноче, Салваторе Д’Онофрио, Франческо Русо, Џенаро Апичела, Лучано Џуљано, Алесандро Фела, Антонија Трупо, Џанмарија Мартини, Џанфранко Гало, како и Рафаеле Кутоло, Фабрицио Контри, Томасо Рагно, Валерија Марини и Алесандра Прециози.
Серијата ја продуцираа OUR FILMS, дел од Mediawan групата, и KAVAC FILM, во копродукција со ARTE France и во соработка со Rai Fiction и The Apartment Pictures, компанија во сопствеништво на Fremantle. Продуценти се Лоренцо Миели и Марио Џанани за Our Films и Симоне Гатони за Kavac Film. Директор на фотографија е Франческо Ди Џакомо, на сценографија Андреа Касторина, на костимографија Дарија Калвели, монтажата е на Франческа Калвели и музиката на Тео Теардо.
ТРЕЈЛЕР: https://youtu.be/6-JBBGFhSxY