Skip to main content

ФЕВРУАРИ НА HBO MAX

30 јануари 2026

HBO Max_2-2026.jpeg

Во февруари на HBO Max доаѓа новата HBO Original италијанска серија Портобело“, потоа чешкиот филм во два дела Герта Шнирх и нови епизоди на хит серијата Жестоко ривалство“. Добитникот на „Оскар“, режисерот Дени Бојл и за „Оскар“ номинираниот сценарист Алекс Гарланд повторно се здружуваат во филмот 28 години подоцна“, додека од локалните филмови ги издвојуваме хрвтските остварувања Прославана режисерот Бруно Анковиќ, „Збркана режисерот Свебор Михаел Јелиќ иКраток излет на режисерот Игор Безиновиќ, како и словенечкиот филмНешто слатко на режисерот Тин Водопивец.

ПОРТОБЕЛО (Portobello S1)

HBO MAX ПРЕМИЕРА: 20 февруари

2026 | HBO Original | серија | 1. сезона

Ја раскажува приказната за Енцо Тортора, славниот водител на телевизиската емисија од реалниот живот „Портобело“, која се емитуваше од 1977 година седум сезони, а Енцо беше обвинет од соработниците на правдата дека е дел од криминална организација вклучена во трговија со дрога. Тортора беше затворен и суден со години пред конечно да биде ослободен од сите обвиненија.

ГЕРТА ШНИРХ (Gerta Schnirch)

HBO MAX ПРЕМИЕРА: 4 февруари

HBO премиера: 8 февруари во 20:00

2025 | чешки филм во два дела

Герта расте во чешко-германско семејство. За време на окупацијата, таа се вклучува во отпорот, додека нејзиниот татко и брат стануваат нацисти.

ЖЕСТОКО РИВАЛСТВО (Heated Rivalry S1)

HBO MAX: нова епизода секој петок

2025 | серија | 1. сезона

Жестоко ривалство ја следи приказната за противничките хокеари Шејн Холандер (Хадсон Вилијамс) и Илја Розанов (Конор Стори). Шејн и Илја се две најголеми ѕвезди во Major League Hockey, меѓу себе поврзани со амбиции, ривалство и магнетска привлечност која ни самите не ја разбираат. Она што започнува како тајна авантура помеѓу двајца млади играчи, се развива во повеќегодишно патување во светот на љубовта, негациите и самоспознавањето. Во текот на следните осум години, оваа двојка трча по слава на ледениот терен додека надвор од теренот се бори со сопствените чувства. Растргнати помеѓу спортот за кој живеат и љубовта која не може да ја игнорираат, Шејн и Илја мора да се одлучат дали во светот на жестокото натпреварување има место за нешто толку нежно, но и моќно како што е вистинската љубов.

КАКО ВОДА ЗА ЧОКОЛАДА (Como Agua Para Chocolate)

HBO MAX ПРЕМИЕРА: 15 февруари

2025 | HBO Original | серија | 2. сезона

Љубовта ги предизвикува должноста и традицијата и е вградена во рецептите исполнети со страст во оваа адаптација на HBO на книгата на Лаура Ескивел. Преку рецептите, серијата ја слави младоста, желбата и сензуалноста, претворајќи ја кујната во простор на отпор и притоа нудејќи свежа и фасцинантна верзија за новата генерација.

ГОСПОДАР НА МУВИТЕ (Lord of the Flies S1)

HBO MAX ПРЕМИЕРА: 24 февруари

2026 | серија | 1. сезона

Адаптиран според романот на Вилијам Голдинг од 1954 година, „Господарот на мувите“ се фокусира на група британски момчиња кои се заглавени на ненаселен остров и нивните катастрофални обиди да управуваат самите со себе.

НОЌЕН ЛЕТ (Red Eye S2)

HBO MAX ПРЕМИЕРА: 18 февруари

HBO 3 премиера: 25 февруари во 21:00

2025 | серија | 2. сезона

Детективката Хана Ли и агентот Клеј Броди ловат убиец за да го спречат соборувањето на британски авион.

 

БАНКАРСКИ ГАНГСТЕРИ (Banksters S1)

HBO MAX ПРЕМИЕРА: 20 февруари

2024 | серија | 1. сезона

Берлин 2004: Јусуф е уапсен среде фудбалски терен. Обвинение: низа пљачки на банки. Прашање: Кои биле неговите соучесници? Молчењето значи затвор, откривањето е предавство. Но кој го поткажал и зошто само него? "Банкстери" се неверојатна приказна за примерен банкарски приправник кој станал одметник, серија за идентитетот, фамилијата, пријателството и парите. Базирано на вистинска приказна.

МИНАТАТА НЕДЕЛА ВЕЧЕРВА СО ЏОН ОЛИВЕР - СЕЗОНА 13 (Last Week Tonight With John Oliver S13)

HBO MAX ПРЕМИЕРА: 16 февруари

HBO 3 премиера: 19 февруари во 21:00

2026 | HBO Original | Ток-шоу

Џон Оливер се враќа со 13-тата сезона од оваа серија, наградена со Еми, која нуди сатиричен и прониклив поглед на актуелните настани .

 

ПАЈАЖИНАТА НА ШАРЛОТА (Charlotte's Web S1)

HBO MAX ПРЕМИЕРА: 21 февруари

2025 | анимирана серија | 1. сезона

Адаптирана од омиленото ремек-дело на Е.Б. Вајт, „Пајажината на Шарлота“ е безвременска приказна за љубовта, животот и пријателството. На фарма, младата Ферн го спречува својот татко да убие едно мало прасе. Ферн го одгледува прасето, именувајќи го Вилбур, и двајцата создаваат слатко пријателство. Но кога Вилбур ќе стане преголем, тој е продаден на тетката и тетинот на Ферн, Цукерманови . Во својот нов дом, Вилбур се спријателува со еден пајак по име Шарлота. Сè е во ред сè додека Вилбур не дознае дека Цукерманови го одгледуваат за колење. Вилбур се плаши за својот живот, но Шарлота му ветува дека ќе го спаси. Чудесните пајажини на Шарлота ги испраќаат Вилбур, Ферн, семејството на Ферн и останатите животни од шталата на незаборавна авантура.

ПРОФИЛ НА УБИЕЦ (Fit for a Killer(Aka. Morderca Szyty Na Miare))

HBO MAX ПРЕМИЕРА: 20 февруари

2025 | Полска |  документарен

На крајот на 1998 година, Краков го задржа здивот - од Висла беше извлечен корсет направен од човечка кожа. Грозното злосторство ја шокираше Полска и предизвика една од најпознатите медиумски истраги во земјата, насочена кон фаќање на таканаречениот „Полски Ханибал Лектор“. Сомнежот брзо падна врз повлечениот Роберт Ј., кој совршено се вклопуваше во профилот на убиецот. Повеќе од 20 години подоцна, кога беше изречена пресудата, доказите почнаа да се расветлуваат, а прашањата за истрагата водена од медиумите станаа погласни од кога било. Три децении по злосторството, Роберт беше ослободен, а случајот остана нерешен...

 

ДА СЕ ПРЕЖИВЕАТ ЈЕХОВИНИТЕ СВЕДОЦИ (Surving the Jehovah’s Witnesses)

HBO MAX ПРЕМИЕРА: 20 февруари

2025 | Шпанија |  документарен

Низ цела Шпанија, вообичаено е да се сретнат учтиви, фино облечени поединци познати како Јеховини сведоци. Тие споделуваат религиозни публикации и ја пренесуваат нивната порака за обновена надеж во задгробниот живот, секогаш со учтивост и спокојна насмевка. Но покрај оваа совршена слика, постојат искуства и приказни кои не се раскажуваат често. Во текот на три епизоди, ќе дознаеме за патувањето на некои од нивните поранешни членови и помалку идиличните аспекти на оваа вера кои останале скриени со децении.

 

УБИСТВО ВО ГЛИТЕРБОЛ СИТИ (Murder in Glitter Ball City)

HBO MAX ПРЕМИЕРА: 20 февруари

2026 | HBO Original | документарен

Дводелен документарец на HBO што го истражува злосторството од 2010 година познато како убиство „Розов триаголник“ во Луисвил, Кентаки.

 

ПРОСЛАВА (Proslava)

HBO MAX ПРЕМИЕРА: 7 февруари

2024 | хрватски филм | драма

Втората светска војна е пред крај. Уморен и поразен, војникот Мијо се крие во шума. Од засолништето го набљудува родното село во кое не смее да се врати. Тој нè води на напнато патување во минатото, а преку три клучни моменти од неговиот живот ги истражуваме околностите кои ќе доведат до експанзија на екстремизмот во општеството. „Прослава“ е долгометражен првенец на режисерот Бруно Анковиќ, а снимен е според истоимениот хит роман на Дамир Каракаш.

 

НЕШТО СЛАТКО (Something Sweet (Aka. Nekaj Sladkega))

HBO MAX ПРЕМИЕРА: 14 февруари

2023 | словенечки филм | комедија

Романтична комедија која ја следи возбудливата приказна за Каја (Јелена Јованова Периќ), експертка за организација на настани и нејзината неверојатна средба со Ацо Мајсторовски (Сашко Коцев), светски познат маркетинг гуру и како таа средба донесува свежина и хумор во светот на деловните забави.

 

ЗБРКА (Frka)

HBO MAX ПРЕМИЕРА: 21 февруари

2024 | хрватски филм | драмедија

„Збрка“ се одвива во текот на една ноќ во која Ника, келнерка од Осиек, ќе му направи проблем на локалниот дилер. Тој ќе постави ултиматум кој неа и нејзините пријатели ги води во напната трка со времето во која се тестираат нивните морални граници, а последиците од нивните постапки ги следат низ градот.

 

КРАТОК ИЗЛЕТ (Brief Excursion)

HBO MAX ПРЕМИЕРА: 28 февруари

2017 | хрватски филм | драма

Стола е момче кое е во доцни дваесетти години и летото го поминува на Истра забавувајќи се по фестивали. Еден ден го сретнува неговиот познаник Рок кој го наговара Стола и уште некои пријатели да му се придружат во потрагата по еден близок манастир со средновековни фрески. Откако автобусот ќе им се расипе, а тие ќе се загубат, нивниот краток излет ќе се претвори во алегориско патување во непознатото.

 

28 ГОДИНИ ПОДОЦНА (28 Years Later)

HBO MAX ПРЕМИЕРА: 13 февруари

HBO премиера: 15 февруари во 20:00

2025 | филм | хорор

Добитникот на наградата „Оскар“, режисерот Дени Бојл и номинираниот за наградата „Оскар“, сценаристот Алекс Гарланд, се обединуваат за „28 години подоцна“, нова застрашувачка приказна сместена во светот создаден од „28 дена подоцна“. Поминаа речиси три децении откако вирусот избега од лабораторија за биолошко оружје, а сега, сè уште во безмилосно спроведен карантин, некои пронајдоа начини да преживеат меѓу заразените. Една таква група преживеани живее на мал остров поврзан со копното преку еден силно бранет насип. Кога еден од групата го напушта островот на мисија во мрачното срце на копното, тој открива тајни, чуда и ужаси кои ги мутирале не само заразените, туку и другите преживеани.

Истиот ден, на HBO Max стануваат достапни и филмовите 28 дена подоцнаи „28 недели подоцна“.

 

37: СЕНКАТА И ПЛЕНОТ (Trente-Sept (Aka. 37: Lombre Et La Proie)

HBO MAX ПРЕМИЕРА: 18 февруари

Cinemax премиера: 20 февруари во 20:00

2024 | филм | трилер

Винсент е возач на камион кој се мачи да го издржува своето семејство. На неговата тековна рута со камион, тој качува бремена жена автостоперка. Таа се нарекува себеси „37“. Има нестабилен темперамент, а уште полошо, држи автоматска пушка. Го насочува оружјето кон Винсент, барајќи од него да вози додека не му снема гориво, по што се заканува дека ќе го убие! Ништо не е толку едноставно како што изгледа... сведок на полициска пукотница, заклучен во приколка-ладилник, Винсент ќе направи сè за да остане жив и да се врати кај своето семејство. Зошто „37“ го таргетира него? И кој е одговорен за трагедијата зад нејзиното име?

БЕЗ НАГЛИ ДВИЖЕЊА (No Sudden Move)

HBO MAX ПРЕМИЕРА: 2 февруари

2021 | филм | драма

Криминална драма од 1950-тите во која група криминалци веруваат дека биле измамени за време на нивната последна работа.

НЕСАКАНА БРЕМЕНОСТ (Unpregnant)

HBO MAX ПРЕМИЕРА: 2 февруари

2020 | Max Original | филм | драма

Филмот ја раскажува приказната за 17-годишната Вероника која има несакана бременост. Очајната девојка се врти кон својата бивша најдобра другарка Бејли, и заедно тие одат на пат од 1500 км барајќи легален абортус.

ОСТАВЕТЕ ГИ СИТЕ ДА ЗБОРУВААТ (Let Them All Talk)

HBO MAX ПРЕМИЕРА: 2 февруари

2020 | Max Original | филм | драмедија

Филмот ја раскажува приказната за една позната авторка (Мерил Стрип) која патува со некои стари пријателки за да се забавува и да залечи стари рани. Нејзиниот внук ѝ се придружува и се вљубува во една млада литературна агентка.

МИЛАНО КОРТИНА 2026

Зимските олимписки игри ќе се одржат од 6 - 22 февруари 2026 година. Гледај ги Олимписките игри Милано Кортина 2026 на Eurosport, со преноси во живо на секој момент, секој медал, секој спортист и секој тим на HBO Max стриминг платформата.

Contacts

Klara Vragolov

PR Manager - Warner Bros. Discovery

Latest news

30/3/2026 - Last updated 2 април 2026

АПРИЛ НА HBO MAX

Април на HBO Max носи голем избор на нови содржини. Ги очекуваме новата сезона на HBO Original серијата „Еуфорија“, последната сезона на Max Original серијата „Трикови“, новата HBO Original серија „Сцена од соништата“, како и HBO Original документарниот филм „Мрачниот волшебник“. Од регионалните наслови ги издвојуваме филмовите „Јужина“ на режисерот Анте Марина, спортскиот документарец „Изгубениот сон на југословенскиот дрим тим“ на режисерот и сценарист Јуре Павловиќ и краткиот анимиран филм „Момче“ за Дражен Петровиќ, од авторот Франо Петруша.

25/3/2026

HBO ГО ПРЕТСТАВУВА ПРВИОТ ТИЗЕР ЗА HBO ORIGINAL ХАРИ ПОТЕР СЕРИЈАТА КОЈА ПРИСТИГНУВА ВО ДЕКЕМВРИ 2026 ГОДИНА

HBO Max го објави службениот тизер за првата сезона во осум продолженија за претстојната HBO Original Хари Потер серија со наслов „Хари Потер и каменот на мудроста“ (Harry Potter And The Philosopher’s Stone). Серијата ќе има премиера во декември 2026 година на HBO Max стриминг услугата и на HBO каналот.

24/3/2026

ПРЕМИЕРА НА ПОСЛЕДНАТА СЕЗОНА НА MAX ORIGINAL СЕРИЈАТА „ТРИКОВИ“ НА 10 АПРИЛ НА HBO MAX

Петтата и воедно последна сезона на со „Еми“ наградената Max Original хумористична серија „Трикови“ (Hacks) ќе има премиера во петок, на 10 април на HBO Max стриминг платформата. Нови епизоди ќе бидат достапни неделно. Притоа, на 1 мај и на 8 мај ќе бидат достапни по две епизоди, а финалето на серијата е во петок, на 29 мај.

20/3/2026

HBO, HBO 2, HBO 3, Cinemax и Cinemax 2 програмски пакети - април 2026 година

Ви ги испраќаме програмските распореди за каналите HBO, HBO 2, HBO 3, Cinemax и Cinemax 2.

18/3/2026

ПРЕМИЕРА НА ТРЕТАТА СЕЗОНА НА HBO ORIGINAL СЕРИЈАТА „ВРАЌАЊЕ“ ОД 23 МАРТ НА HBO MAX

Третата и последна сезона на HBO Original хумористичната серија „Враќање“ (The Comeback), на авторите Мајкл Патрик Кинг и Лиса Кудроу, ќе има премиера во понеделник, 23 март на HBO Max стриминг платформата, додека премиерата на HBO каналот ќе биде истиот ден во 21:25 часот. Новите епизоди од оваа сезона со осум продолженија ќе се емитуваат неделно, сè до финалето на серијата кое ќе биде во понеделник, на 11 мај.

17/3/2026

ПРЕМИЕРА НА HBO ORIGINAL ДОКУМЕНТАРНИОТ ФИЛМ „ЈАС, РОСИЊСКИ“ НА 20 МАРТ НА HBO MAX

Премиерата на HBO Original документарниот филм „Јас, Росињски“ (I, Rosinski) ќе биде на 20 март на HBO Max стриминг платформата. Премиерата на HBO каналот ќе биде на 26 март во 21:45 часот.

27/2/2026

МАРТ НА HBO MAX

Во март на HBO Max пристигнуваат новата HBO Original мрачно комична серија „ДТФ Ст. Луис“, новата HBO Original серија со Стив Карел, „Петел“, и третата сезона на серијата „Враќање“ со Лиса Кудроу во главната улога. Од филмовите во понудата доаѓаат „Крадецот од покривот“ и „Фатен во кражба“, како и HBO Original документарниот филм „Јас, Росињски“ посветен на брилијантниот полски уметник. Од регионалните филмови ги издвојуваме хрватските филмови: краткометражниот игран филм номиниран за Оскар „Човекот кој не можеше да молчи“ на режисерот и сценарист Небојша Слијепчевиќ, филмот „Сами’ на режисерот и сценарист Лукас Нола, како и филмот „По тамбурите“ на режисерот Станислав Томиќ.

20/2/2026

HBO, HBO 2, HBO 3, Cinemax и Cinemax 2 програмски пакети - март 2026 година

Ви ги испраќаме програмските распореди за каналите HBO, HBO 2, HBO 3, Cinemax и Cinemax 2.

20/2/2026

ПРЕМИЕРА НА НОВАТА СЕРИЈА „ГОСПОДАРОТ НА МУВИТЕ“ НА 24 ФЕВРУАРИ НА HBO MAX

Премиерата на новата серија „Господарот на мувите“ (Lord of the Flies) ќе биде на 24 февруари на HBO Max стриминг платформата.

13/2/2026

ПРЕМИЕРА НА НОВАТА ИТАЛИЈАНСКА HBO ORIGINAL СЕРИЈА „ПОРТОБЕЛО“ НА 20 ФЕВРУАРИ НА HBO MAX

Фалената серија „Портобело“ на Марко Белокио, со Фабрицио Џифуни во главната улога, ќе има премиера на 20 февруари на HBO Max стриминг платформата.

11/2/2026

ПРЕМИЕРА НА ПОСЛЕДНАТА СЕЗОНА НА HBO ORIGINAL СЕРИЈАТА „КАКО ВОДА ЗА ЧОКОЛАДА“ НА 15 ФЕВРУАРИ НА HBO MAX

Втората, и воедно последна сезона на HBO Original серијата „Како вода за чоколада“ (Like Water for Chocolate S2) ќе има премиера на 15 февруари на HBO Max стриминг платформата. Оваа сезона има шест продолженија, а нови епизоди ќе бидат достапни секоја недела сè до финалето кое е закажано во недела, на 22 март.

23/1/2026

МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМ „ДИЏЕЈ АХМЕТ“ Е ДОСТАПЕН ВЕДНАШ НА HBO MAX

Филмот на режисерот Георги М. Унковски „Диџеј Ахмет“ е достапен за гледање веднаш на HBO Max стриминг платформата, а премиерата на HBO каналот ќе биде на 5 февруари во 20 часот.

23/1/2026

„ЖЕСТОКО РИВАЛСТВО“: ХАДСОН ВИЛИЈАМС И КОНОР СТОРИ ЌЕ ГО НОСАТ ОЛИМПИСКИОТ ОГАН

HBO Max објави дека Хадсон Вилијамс и Конор Стори, ѕвезди на оригиналната Crave серија „Жестоко ривалство“ (Heated Rivalry), ќе го носат олимпискиот факел за Зимската олимпијада во Кортина, Милано 2026 година.

19/1/2026

HBO, HBO 2, HBO 3, Cinemax и Cinemax 2 програмски пакети - февруари 2026 година

Ви ги испраќаме програмските распореди за каналите HBO, HBO 2, HBO 3, Cinemax и Cinemax 2.

19/1/2026

ХАНС ЦИМЕР И BLEEDING FINGERS ЌЕ КОМПОНИРААТ МУЗИКА ЗА НОВАТА HBO ORIGINAL СЕРИЈА ЗА ХАРИ ПОТЕР

HBO денес објави дека Ханс Цимер и Bleeding Fingers ќе ја компонираат музиката за новата HBO Originaln серија за Хари Потер. Серијата ќе има премиера во 2027 година на HBO и HBO Max стриминг платформата.